Економската активност и потрошувачката на домаќинствата во Франција во март е намалена на околу 65 осто од нормалното ниво, поради пандемијата на корона вирус, што го парализира животот во цела Европа и пошироко, објави државната агенција за статистика ИНСЕЕ.
Тоа е прва проценка на економските последици поради ограничувањето предизвикано од воведените мерки ширум Франција со цел да се сузбие ширењето на вирусот Ковид-19.
ИНСЕЕ претходно објави месечен индекс на деловната доверба, што забележа најголем пад од 1980 година, откако се води евиденција. Тој индикатор во март забележа намалување на 95 поени од февруарското ниво од 105 бодови.