Свет 31. мај 2018. / 14:02

Франција со лотарија ќе ги обновува замоците

Франција со лотарија ќе ги обновува замоците

Францускиот претседател Емануел Макрон ја покрена националната лотарија која има за цел собирање средства за обнова на замоците и други историски знаменитости во земјата.

Проектот е најавен денеска, при посетата на дворецот на познатиот француски филозоф Франсоа Волтер. кој се наоѓа близу границата со Швајцарија, и кој е пример за успешна обнова.

Од собраните парични средства, корист ќе имаат 250 објекти, меѓу кои и тврдина изградена во 18. век на Карибите, на островот Британи, којашто била дом на писателот Еме Сезар. Натаму, на списокот се наоѓа и бургундиски замок од 12. век, како и римски аквадукт во источна Франција.

Макрон, кој е познат љубител на културата и историјата, се надева дека овој проект ќе и донесе милиони евра на државата, освен паричните награди за добитниците.

Како што јавуваат локалните медиуми, ова е прв ваков проект во Франција.