Свет 23. декември 2018. / 21:03

Франција шокирана: Полицаец впери пиштол во „жолтите елеци“ (ВИДЕО)

Франција шокирана: Полицаец впери пиштол во „жолтите елеци“ (ВИДЕО)

Службеник извади пиштол откако демонстранти на Елисејските полиња во Париз го симнаа од мотор, но не испука куршум.

На социјалните мрежи се појави видео-снимка на француски полицаец кој впери пиштол во демонстрантите додека тие го нападнаа. Синдикатот на полицијата соопшти дека нивниот колега делувал во самоодбрана.

Полицаецот извади оружје откако демонстрантите на Елисејскит еполиња го соборија од мотор, но не испука куршум. На видеото се гледа како други полицајци шутираат демонстранти кои ги напаѓаат.