Свет 16. мај 2020. / 20:46

Франција пријави нови 96 починати од корона вирус

Франција пријави нови 96 починати од корона вирус

Здравствените власти во Франција објавија дека 96 лица починале поради корона вирус од претходното ажурирање, со што вкупната бројка на смртни случаи достигна 27.625 лица.

Болниците имаат регистрирано 17.412 смртни случаи, додека 10.213 смртни случаи се регистрирани во старечките домови.

Во меѓувреме, со 372 новозаразени случаи, вкупната бројка на потврдени инфекции со исклучок на старечките домови сега изнесува 142.229. Кога се земаат предвид случаите во домовите за стари лица, вкупниот број сега изнесува 215.540 лица.

Од почетокот на пандемијата, 61.006 пациенти се отпуштени од болниците низ целата земја.