Свет 06. април 2020. / 20:14

Франција пријави 833 нови смртни случаи на корона вирус во еден ден

Франција пријави 833 нови смртни случаи на корона вирус во еден ден

Француските здравствени власти во понеделникот соопштија дека 833 смртни случаи на корона вирус биле регистрирани во земјата од последното дневно ажурирање на податоците.

Со ова, бројот на починати од оваа болест во Франција достигна 8.911. Повеќето од нив починале во болници и старечки домови, а раст бележи откако ден претходно регистрирани беа 518 дневни смртни случаи.

Властите додадоа дека бројот на новозаразени со Ковид-19 во Франција се искачи за 5.171 и достигна бројка од 98.010 заразени лица.