Свет 11. March 2019. / 09:30

Франција отвори истрага за падот на авионот на Етипојан ерлајнс

Франција отвори истрага за падот на авионот на Етипојан ерлајнс

Париското обвинителство отвори истрага за падот на авионот на „Етипојан ерлајнс“ во Етипоја, со оглед дека меѓу 157-те патници и членови на екипаж, имало и француски државјани.

Се работи за стандардна процедура во случај на смрт на француски државјани во странство, наведува АП. Француската Влада објави дека меѓу загинатите се и осум Французи.

„Етиопијан ерлајнс“ соопшти дека загинале седум Французи, а засега не е познато зошто постои разлика во бројот на загинати.

Француската агенција за воздушни несреќи соопшти дека најверојатно ќе учествува во истрагата, која ќе ја води Етиопија, затоа што француската компанија „Сафран“ заедно со „Џенерал електрик“ ги произвела моторите за авионите Боинг.

Во авионот, кој вчера се урна во Етипоија, биле патници од 35 земји, од кои некои летале на самитот на ОН посветен на животната средина, кој денеска требаше да почне во Најроби. Претставник на ОН изјавил дека светската организација очекува дека во авионот биле десетина нивни соработници, но и дека тој број би можел да биде и поголем. Поради тоа ОН денеска ги спушти знамињата на половина копје поради загинатите луѓе, вработени во организацијата.