Свет 24. јануари 2021. / 21:47

Франција оди кон трета блокада за да го спречи ширењето на коронавирусот

Франција оди кон трета блокада за да го спречи ширењето на коронавирусот

Франција веројатно ќе мора да влезе во трета блокада заради ширењето на новиот вид на коронавирус во земјата рекол владиниот главен медицински советник за ковид-19.

– Ако не ги заостриме прописите, од средина на март ќе се најдеме во исклучително тешка ситуација. Веројатно ќе мораме повторно да го заклучиме системот, рекол Жан-Франсоа Делфреси на телевизијата БФМ, пренесува Ројтерс.

Тој укажал дека би било логично новото заклучување да се воведе истовремено со претстојните школски празници во февруари и да ја продолжи паузата за најмалку една недела.