Свет 05. ноември 2019. / 14:48

Франција од идната година со квоти за економски мигранти

Франција од идната година со квоти за економски мигранти

Од следната година Франција започнува со воведување квоти за работници мигранти, објави денеска министерот за труд, додека владата на Емануел Макрон се обидува да ги зацврсти миграционите политики како одговор на критиките од крајната десница, јавува АФП.

-Од 2020 година власта заедно со работодавачите ќе одлучува кои индустрии чувствуваат недостиг на квалификувани кадри и ќе го олеснат влезот за странци за пополнување на празнината. Станува збор, Франција да изнајмува кадри врз основа на своите потреби. Тоа е нов приод, сличен на канадскиот или австралискиот, изјави министерката Мјуриел Пенико.

Моментно работодавачите во сложена административна процедура треба да објаснуваат зошто француски граѓанин не може да биде ангажиран, што доведе до тоа минатата година да бидат издадени само 33.000 визи за економски мигранти. Градежништвото, хотелиерството, рестораните и дел од секторот продажба одамна се жалат на недостиг на кадри, кои честопати сакаат да ангажираат лица во нископлатените позиции.

Пенико не прецизираше колку странски работници ќе можат да добијат визи, ниту дали националноста на кандидатите ќе има некакво значење.