Францускиот премиер Жан Кастекс денеска изјави дека ситуацијата со коронавирусот во Франција е се уште кревка, но дека во моментов нема потреба од нова национална блокада.
Кастекс на прес-конференција изјави дека ширењето на вирусот во последните две недели не е драстично зголемено, иако притисокот врз француските болници и натаму е силен, пренесуваат британските медиуми.
-Ние мора да се придржуваме до сегашните ограничувања што веќе ги имаме … но сегашната ситуација не оправдува нов национален локдаун, рече францускиот премиер.