По повеќе од два месеца неработење поради епидемијата на Ковид-19, рестораните, баровите, бистроата и кафулињата низ цела Франција ќе може повторно да отворат почнувајќи од 2 јуни.
Во Париз и парискиот регион отворени ќе бидат само терасите на сите угостителски објекти, со оглед дека регионот е еден од најпогодените од епидемијата.
Повторното отворање треба да се изврши во строги санитарни услови. Растојанието од еден метар треба да биде задолжително помеѓу сите клиенти. На една маса можат да седат најмногу 10 лица. Секоја маса мора да ја послужува ист член на персоналот, кој мора да ги мие рацете на секои 30 минути или да носи ракавици.
Угостителите ќе треба да фаворизираат мени во дигитален формат. Доколку треба да допрат хартија, клиентите ќе треба да ги дезинфицираат своите раце на крајот од нарачката.
Безбедносни растојанија, исто така, мора да се почитуваат во редиците за одење во тоалет.