Францускиот министер за европски прашања, Клемен Бон, предупреди дека Велика Британија мора да се придржува на секој договор околу Брегзит, зашто во спротивно, официјален Париз може да стави вето.
-Франција може да го искористи правото на вето за да го блокира договорот со Велика Британија по Брегзит, доколку не ги исполни барањата на Париз, особено во врска со риболовот – изјави Бон.
Францускиот министер додаде дека доколку биде постигнат договор што не е добар, Французите ќе се спротивстават.
-Секоја држава има право на вето на сè што ќе се појави од последните преговори за Брегзит, кои се водат во Лондон – истакна Бон за радио „Европа 1“.
FacebookTwitterCopy Link