Намерата на Франција, во следниот период да прими 400 баратели на азил и 350 деца бегалци без придружба, кои се наоѓаат во Грција, била потврдена на средбата на министерот за миграција и азил Јоргос Кумуцакос и францускиот амбасадор во Грција Патрик Месонав.
Како што соопштија од надлежното грчко министерство, првата група од 50 деца бегалци без придружба ќе замине за Франција во текот на јули.