Француската федерација за гимнастика во петокот објави дека ниту еден француски спортист нема да учествува на следното Европско првенство во Турција, поради „актуелните геополитички тензии меѓу Франција и Турција“.
Според официјалните лица на федерацијата, оваа одлука е донесена по консултација со француската влада и проценка на моменталните дипломатски тензии што довеле до заклучок дека „безбедноста на делегацијата не може да се гарантира во Турција“, па Националниот комитет за избор одлучи да го откаже учеството.
Односите меѓу Франција и Турција се влошија откако турскиот претседател Ердоган ги повика муслиманите да ги бојкотираат француските производи, а францускиот претседател Макрон го отповика францускиот амбасадор во Анкара.