Свет 24. декември 2020. / 09:46

Франција ќе ги награди со државјанства имигрантите кои работат на фронтот против Ковид-19

Франција ќе ги награди  со државјанства имигрантите кои работат на фронтот против Ковид-19

Стотици имигранти во Франција, кои работат на фронтот против коронавирусот, добиваат државјанство по забрзана постапка како признание за нивниот придонес, објави денес Би-Би-Си.

Министерството за внатрешни работи ги покани странците кои помагаат во борбата против Ковид-19 да аплицираат за постапката за забрзано стекнување државјанство.

Досега, околу 700 лица добија државјанство, вклучувајќи здравствени работници, чистачи и и работници во продавници. Тие можат да бидат изложени на поголем ризик од инфекција, особено лекарите и медицинските сестри.

Франција е меѓу десетте најпогодени земји од пандемијата, со повеќе од 2,5 милиони заразени и 62 000 мртви. Иницијативата за забрзано стекнување државјанство за првпат беше објавена во септември.

Француски пасоши веќе добија 73 кица, а 693 се во завршна фаза. Вкупно се пријавиле 2.890 лица.

„Здравствени работници, чистачи, воспитувачи … Сите се жртвуваа за оваа нација и сега е време да им се оддолжат“, рече Марлин Шиапа, министерката задолжена за државјанства.