Француското министерство за внатрешни работи ја зголеми безбедноста околу синагогите во земајта.
По нападот во синагогата во САД, каде се убиени 11 лица, француските власти одлучија да ја зголемат безбедноста околу овие светилишта.
„Побарав од полициските префектури да ја зголемат безбедноста околу синагогите“, изјави францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанер кој го осуди нападот во американскиот град Питсбург.
„Антисемитизмот убива. Антисемитизмот нема граници. Ужасниот напад во Питсбург претставува трагичен доказ. Да бидеме обединети против омразата“, рече Кастанер.
Претседателот Емануел Макрон кој вчера бил во Истанбул на сами за Сирија, исто така го осуди ужасниот напад и изрази солидарност кон САД.