Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе биде домаќин на церемонијата на одбележување на 14 јули, Денот на Бастилја, што ќе се одржи во намален обем поради пандемијата на корона вирусот.
Претседателот ќе се обрати и до нацијата во ретко телевизиско интервју.
За првпат од 1945 година француските власти ја откажаа воената парада, што секоја година се одржува на 14 јули на Елисејските полиња, во знак на сеќавање на падот на Бастилја што го означи почетокот на Француската револуција.
Место тоа, околу 2.000 војници, што е половината од вообичаениот број, ќе се соберат на плоштадот Конкорд во Париз.
Истакнати медицински експерти неделава повикаа на воведување задолжително носење маски во затворен простор, додека властите предупредуваат дека вирусот се чини дека побрзо се шири во некои области, бидејќи луѓето се релаксираат поради летните одмори.
И покрај ветените милијарди евра за намалување на економските штети од пандемијата, останува прашањето како владата ќе може да го засили закрепнувањето од рецесијата, што се очекува да доведе до загуба на работни места за стотици илјади работници.
Според најновите податоци, од почетокот на пандемијата воп Францијуа биле заразени со корона вирус над 172.000 лица, додека повеќе од 30.000 умреле.