Франција од денеска ја ограничува продажбата на парацетамол и други лекови за симнуваљње на температура, соопштија властите.
За да се избегне „бескорисно складирање“, продажбата на парацетамол во Франција ќе биде ограничена на една кутија по лице без симптоми, или на две при треска или болки. Забранета ќе биде продажбата преку интернет.
Светската здравствена организација (СЗО) ги повика луѓето кои се сомневаат дека се заразени со новиот корона вирус да не земаат ибупрофен без да се консултираат со лекар.