Во нуклеарната централа „Голфтек” мора да се исклучат два нуклеарни реактори поради новиот топлотен бран, што се очекува оваа недела во Франција. Реакторите нема да работат до 30 јули, објави „Moнд”.
Во моментов во Франција работат 58 нуклеарни реактори.
Ако топлотниот бран продолжи, слични мерки ќе треба да се преземат и во други нуклеарни централи, објави весникот.