Свет 09. мај 2020. / 01:27

Франција го надмина прагот од 26.000 смртни случаи од Ковид-19

Франција го надмина прагот од 26.000 смртни случаи од Ковид-19

Во изминатото деноноќие во Франција од Ковид-19 починале 243 лица, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 26.230.

Притисокот врз одделенијата за реанимација во болниците продолжува да се намалува. На интензивна нега се наоѓаат 2.868 тешки случаи, односно 93 пациенти помалку од ден претходно.

На болничко лекување се наоѓаат вкупно 22. 724 лица, во споредба со претходниот ден кога во болниците имаше 23.208 лица поради корона вирусот.