Свет 17. март 2020. / 16:10

Франција „доколку е неопходно“ подготвена да ја национализира економијата

Франција „доколку е неопходно“ подготвена да ја национализира економијата

Франција е подготвена да национализира големи компании „доколку е неопходно“, со цел да се заштити економијата од штетите кои ќе ги предизвика пандемијата од корона вирусот, изјави министерот за финансии Бруно Ле Мер.

– Нема да се колебам да ги употребам сите достапни методи со цел да ги заштитам големите француски компании, истакна францускиот министер во телефонски разговор со новинарите.

Ле Мер нагласи дека „тоа може да се случи преку капитални инвестиции или стокови набавки, а може да се прибегне и кон терминот национализација, доколку е тоа неопходно“.