Свет 04. мај 2020. / 15:22

Франција доби седум милијарди евра помош од европската комисија за спас на „Ер Франс“

Франција доби седум милијарди евра помош од европската комисија за спас на „Ер Франс“

Европската комисија и одобри на Франција помош од седум милијарди евра за авиокомпанијата „Ер Франс“, за надминување на последиците од кризата со корона вирусот.

Гаранцијата и заемот од седум милијарди евра обезбедени од Франција, ќе обезбедат ликвидност за „Ер Франс“, што итно треба да се спротистави на последиците од пандемијата на Ковид-19 – посочи во соопштение еврокомесарот за конкуренција, Маргарет Вестагер.