Свет 07. април 2020. / 21:17

Франција брои 1.417 смртни случаи на корона вирус во еден ден

Франција брои 1.417 смртни случаи на корона вирус во еден ден

Француските здравствени власти соопштија во вторникот дека бројот на смртни случаи на корона вирус се искачил за 1.417 од последното дневно ажурирање и достигна 10.328. Властите истакнаа дека бројката вклучува пациенти болни од корона вирус кои починале во болници, како и старечки домови.

Вкупниот број на новоинфицирани со Ковид-19 во Франција денеска се зголеми за 11.059 лица, со што вкупниот број на заразени од првиот случај во земјата изнесува 109.069 лица.

Во меѓувреме, француското Министерство за внатрешни работи објави дека на сите луѓе кои влегуваат во земјата од среда ќе им биде потребно уверение.