Свет 17. август 2020. / 10:18

Франција бележи рекорди со над 3000 новозаразени

Франција бележи рекорди со над 3000 новозаразени

Во последните 24 часа биле пријавени 3.015 нови случаи, пренесува Ројтерс.

Агенцијата забележува дека ова е сè уште помал број од вчерашниот најголем број новозаразени лица по укинувањето на строгите мерки, кога беа пријавени 3.310 нови случаи. Во земјата има вкупно 218 536 заразени од почетокот на пандемијата , додека починале 30 410 лица.

За да се намали бројот на заразени, властите ќе предложат маски за лице на работните места .