Свет 19. април 2020. / 15:00

(ФОТО) Здравствените работници во САД на протест: Не сакаме да бидеме торби за трупови

(ФОТО) Здравствените работници во САД на протест: Не сакаме да бидеме торби за трупови

Здравствените работници во САД излегоа на улиците на поголемите американски градови, барајќи од федералните и национални власти побезбедни услови за работа и заштитна опрема што им е неопходна во борбата против епидемијата на корона вирусот.

Како што објави „Си Ен Би Си“, Лекарите и медицинските сестри протестираат поради недостиг на маски со вентилација, визири, ракавици и заштитни одела.

„Кој ќе се грижи за вас кога ќе умреме“, „Луѓето пред профитот“, „Нема да ви бидеме торби за трупови“, „Ако работиме болни, и вие ќе се разболите“, се дел од транспарентите што ги носеа здравствените работници.