Свет 04. јуни 2019. / 12:04

(ФОТО) За прв пат по неколку години – снег падна во Австралија

(ФОТО) За прв пат по неколку години – снег падна во Австралија

Студен бран ја зафати Австралија носејќи снег и силен ветер во Квинсленд.

Од метеоролошкиот завод на Aвстралија велат дека станува збор за ретка појава и дека на местото немало снег од 2015 година.

Австралиските медиуми известуваат за лоши временски услови и околу брегот на земјата вклучително и во Сиднеј. Луѓето се советуваат да не ги напуштаат своите домови особено за време на силни врнежи.