Свет 27. ноември 2019. / 11:55

(ФОТО) Во Виетнам пристигнаа првите 16 тела на загинатите во „камионот на смртта“

(ФОТО) Во Виетнам пристигнаа првите 16 тела на загинатите во „камионот на смртта“

Со солзи и бели рози, роднини и пријатели на 39 загинати Виетнамци во „камионот на смртта“ ги дочекаа првите тела испратени од Велика Британија.

Како што соопштија од виетнамското Министерство за надворешни работи, утринава биле префрлени телата на 16 од починатите.

– Мојот син конечно стигна, рече Нгуен Дин Гиа, татко на жртвата Нгуен Дин Лоунџ.

– Во длабока жалост сме, но мораме да ги потиснеме чувствата за да го организираме погребот на мојот син, изјави Гиа, кој живее во соседната покраина Ха Тин , од која се уште десет жртви.

Полицијата во Виетнам уапси десетина лица поврзани со случајот. Во понеделникот британскиот возач на камионот призна завера, помагање во незаконска имиграција и стекнување со криминален имот.

Семејствата ќе мора да го платат враќањето на телата на настраданите, што единечно ќе чини 2.830 долари, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи, што го пренесуваат британските медиуми.

Луѓето си заминуваат од Виетнам најчесто заради лошите шанси за вработување и еколошката катастрофа во земјата.