Свет 19. јануари 2021. / 13:30

(ФОТО+ВИДЕО) Русите слават Водици со нурнување во ладна вода

(ФОТО+ВИДЕО) Русите слават Водици со нурнување во ладна вода

Православните христијани на далечниот исток на Русија го слават Богојавление со нурнување во ледена вода.

На денешниот празник, Русите три пати влегуваат во водата , мислејќи дека се чистат од гревовите. На 18ти јануари, денот пред Водици тие постат.

Капењето во осветените води се практикува од времето кога Исус Христос бил крстен во реката Јордан.