Свет 24. октомври 2019. / 14:38

(ФОТО) Трамп се пошегува дека ќе го продолжи ѕидот до Колорадо, иако не се граничи со Мексико

(ФОТО) Трамп се пошегува дека ќе го продолжи ѕидот до Колорадо, иако не се граничи со Мексико

Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека новоизградениот ѕид против мигрантите, освен низ Ново Мексико и Тексас, ќе се протега и низ Колорадо, иако таа американска сојузна држава вооопшто не се граничи со Мексико.

– Тоа ќе биде величествен ѕид, голем ѕид што ќе ја исполни својата задача, па мигрантите нема да можат да се провлечат ни преку него, ни под него – изјави Трамп во текот на своето обраќање во Пенсилванија.

По говорот, на социјалните мрежи веднаш се појавија бројни реакции по кои Трамп објави твит во кој тврди дека ѕидот во Колорадо го споменал „само како шега“.

– Не градиме ѕид во Колорадо, но сите ќе имаат корист од ѕидот што го споменав“, напиша американскиот претседател на Твитер.

Ѕидот, долж границата со Мексико, што треба да ја спречи илегалната миграција беше во центарот на претседателската кампања на Трамп во 2016 година, кога тој победи, но се доцни со неговата изградба бидејќи Конгресот одбива да му одобри финансиски средства.