Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска реагираше кон шведската активистка Грета Тунберг, нарекувајќи го смешно тоа што е избрана од „Тајм“ за личност на годината.
Грета ќе мора да поработи на својот проблем со контролата на гневот, а потоа да гледа добар стар филм со пријатели, напиша Трамп на Твитер.
– Олабави, Грета, олабави!, додаде тој.
Тунберг одговори со уредување на својот профил на Твитер, дел што се однесува на нејзините лични информации, опишувајќи се себеси како „тинејџерка која работи на нејзиниот проблем за контрола на лутината“, „опуштање“ и „гледајќи добар стар филм со пријател“.
И бразилскиот претседател Жаир Болсонаро ја критикуваше шведската тинејџерка, нарекувајќи ја „дерле“ (португалски – piralha).
Американски „Тајм“ ја прогласи Грета Тунберг за личност на годината заради нејзината посветеност во борбата против климатските промени.