Свет 13. декември 2020. / 10:46

(ФОТО) Судир во Вашингтон помеѓу приврзаници на Трамп и радикалните левичарски групи „Антифа“ и „БЛМ“

(ФОТО) Судир во Вашингтон помеѓу приврзаници на Трамп и радикалните левичарски групи „Антифа“ и „БЛМ“

Неколку лица се повредени, а повеќе од 20 уапсени во новиот судир меѓу приврзаниците на американскиот претседател Доналд Трамп и АНТИФА на демонстрациите што се одржаа синоќа во Вашингтон.

Според американските медиуми, на собирот за поддршка на Доналд Трамп, учествувале десетици илјади луѓе, а помали групи од мирните демонстранти на пат кон плоштадот биле нападнати од припадници на насилната, радикална левичарска група Антифа Џо Бајден и движењето „Црните животи се важни“ (Black Lives Matter).

Судирот меѓу двете групи ескалираше синоќа, кога приврзаниците на двете групи сретнаа во еден дел од Вашингтон. Иако полицијата употреби солзавец, приврзаниците на обете групи ги продолжија судирите што се проширија низ улиците на Вашингтон.

Според последните информации објавени од полицијата во Вашингтон, неколку лица биле прободени со нож за време на демонстрациите, а повеќе од 20 лица биле уапсени.

Покрај Вашингтон, приврзаниците на Трамп организираа демонстрации низ САД, пред се во Џорџија, Невада, Аризона, Мичиген и Висконсин.

Ова не е прв случај на насилство од страна на радикалните левичарски групи кон поддржувачи на Доналд Трамп. Пред помалку од еден месец, на собирот за поддршка на Трамп во Вашингтон, се појавија десетици видеа на кои се гледа насилството на овие групи врз обични случајни поминувачи и поддржувачи на Трамп.