Свет 09. февруари 2021. / 10:44

(ФОТО) Снежно невреме во Германија: Хаос на патиштата

(ФОТО) Снежно невреме во Германија: Хаос на патиштата

Невремето со големи снежни вренежи предизвика хаос на патиштата низ Германија, а на автопатот А2 бројни возачи ја поминаа цела ноќ во своите возила.

На А2 кај Билефелд, по сообраќајка, се формира колона долга повеќе десетици километри, која ги парализира возилата повеќе од 16 часа.

Автопатот беше затоврен во двата правци, откако камиони се излизгаа.

-Ситуацијата е тешка, порачаа од полицијата и додадоа дека ќе се работи уште неколку часа за да се реши состојбата.

Проблемот го предизвикаа повеќе камиони кои не се придржувале на забраната за движење.

Откако се формира мраз под снежната покривка тие, на блага нагорнина, пролизгале и го блокирале автопатот.

Полицијата поднесе 300 пријави против возачи на товарни возила кои ја прекршија забраната за движење.