Свет 07. јануари 2021. / 12:15

(ФОТО) Новинар од Балканот ја направи фотографијата за која зборува целиот свет

(ФОТО) Новинар од Балканот ја направи фотографијата за која зборува целиот свет

Вистинската драма се одвиваше вечерва во Вашингтон, каде демонстрантите упаднаа во зградата на Конгресот.

Како што јавуваат дописниците од лице место, ова е првпат американскиот Капитол да биде освоен откако беше нападнат од Британците во 1814 година.

Десетици илјади приврзаници на Доналд Трамп се собраа во центарот на Вашингтон во последен обид да ги променат резултатите од претседателските избори пред дебатата во Конгресот за потврдата на електорските гласови. Во еден момент, демонстрантите упаднаа во зградата, предизвикувајќи членовита на Конгредот да бидат евакуирани.

Еден од демонстрантите успеа да се качи на подиумот и да викне: „Трамп победи“.

Моментот на упадот го фотографираше новинар кој потекнува од нашиот регион, Игор Бобиќ, кој работи за Huffington post. Бобиќ е роден во Босна и Херцеговина.