Точно во 22:34 часот, часот кога Тунижанецот Мохамед Лахуаеџ Булел, пред четири години во Ница изврши терористички напад и со камион газеше луѓе, 86 светлосни снопови го осветлија небото над Англиското шеталиште во чест на 86 жртви на нападот.
Во градот, кој беше длабоко потресен од овој терористички напад, граѓаните се собраа за да оддадат чест на жртвите.
Членови на семејствата на жртвите ги зазедоа своите места на посебна трибина. Меѓу нив беше и писателот Тиери Вимал, кој ја загуби својата 12-годишна ќерка Ами, по што ја напиша книгата „19 тони“ (толку тежел камионот користен за напад таа вечер)
Мило ми е што дојдоа луѓето, но секогаш ќе има бариера меѓу нас и нив и ние сме на погрешна страна од бариерата – изјави тој
Мохамед Лахуаеџ Булел, роден во Тунис, со камион влета во толпата што славеше на познатата променада во Ница. Во анападот што траеше неколку минити, загинаа 86 луѓе, меѓу кои и многу деца.