Свет 13. март 2020. / 14:14

(ФОТО) Мадрид како град на духови: Затворени сите барови и ресторани, улиците целосно празни

(ФОТО) Мадрид како град на духови: Затворени сите барови и ресторани, улиците целосно празни

Надлежните институции во Мадрид донесоа одлука од утре да бидат затворени сите барови и ресторани.

Освен тоа, сериозно се размислува за затвроање на сите продавници освен аптеките и супермаркетите.

Ваквите мрки се преземаат поради тоа што во главниот град на Шпанија има регистрирано речиси 1.400 заразени со корона вирус, а до сега вкупно починале шеесетина луѓе.

Сериозната ситуација во градот се отсликува со тоа што улиците на шпанската престолнина се сенишно пусти.