Свет 14. May 2019. / 12:11

(ФОТО) Комбе удри во авионот на Меркел

(ФОТО) Комбе удри во авионот на Меркел

Комбе марка „рено“, без возач, удри во авионот на германската канцеларка Ангела Меркел, пишува германскиот печат.

Според германски „Билд“, Меркел пред овој инцидент седела во комбето и разговарала со жената која го управувала, но најверојатно, како што пишува германски „Билд“,од возбуда затоа што зборувала со канцеларката, излегла од комбето и заборавила да ја подигне рачната кочница.

Така, комбето „рено трафик“ удрило во авионот на германската влада „бомбардер глобал 5000“ на аеродромот во Дортмунд.

Возилото го оштетило авионот, а екипажот кој бил во леталото не е повреден. Понатаму, се наведува дека Меркел во времето на несреќата не била во авионот.

Меѓутоа, со оглед на тоа дека авионот е оштетен, таа ќе мора да се врати во главниот град на Германија со хеликоптер.

Германските медиуми потсетуваат дека истиот авион со кој се превезува германската канцеларка неодамна, исто така, имаше инцидент на друг германски аеродром, кога одвај слетал, при што со крилата ја допрел пистата.