Свет 08. октомври 2019. / 10:02

(ФОТО) Камион удри во осум автомобили во Германија, најмалку 17 повредени

(ФОТО) Камион удри во осум автомобили во Германија, најмалку 17 повредени

Најмалку 17 луѓе се повредени кога неидентификуван маж со украден камион удри во неколку возила во центарот на Лимбург во Германија, соопшти локалната полиција.

Инцидентот се случи вчера попладне. Повреден е и возачот на украдениот камион, кој е приведен.

Истрагата е во тек, а полицијата соопшти дека не е исклучено да се работи за терористички напад.

Во декември 2016 година камион влета на божиќен пазар во Берлин во исламистички напад пришто загионаа 12 луѓе и над 70 беа поредени, јави ДПА.