Свет 15. април 2020. / 14:34

(ФОТО) Епидемијата на корона вирусот не е пречка за Јужна Кореја да има избори

(ФОТО) Епидемијата на корона вирусот не е пречка за Јужна Кореја да има избори

Во Јужна Кореја денеска се одржуваат парламентарни избори, со строги ограничувања воведени низ целата земја поради епидемијата на корона вирусот.

Од 6 часот по локално време, отворени се околу 14.000 избирачки места и граѓаните доаѓаат на избирачките места каде што се мери нивната температура, правилно оддалечени едни од други и сите заштитени со маски за лице и ракавици.

Парламентарните избори треба да обезбедат поддршка за политиките на претседателот Мун Џае-ин во последните две години од неговиот мандат во спроведувањето на неговата агенда за намалување на фискалните обврски и невработеноста, зголемување на минималните плати и подобрување на односите со Северна Кореја.

Во време кога изборите низ целиот свет се одложени поради пандемијата, Јужна Кореја е првата земја што одржува избори.

Иако епидемијата во Јужна Кореја стивнува, експертите апелираат на претпазливост и предупредуваат дека епидемијата би можела повторно да се разгори.