Свет 06. јануари 2021. / 22:25

(ФОТО) Демонстрант „провали“ во канцеларијата на Пелоси и ги качи нозете на бирото

(ФОТО) Демонстрант „провали“ во канцеларијата на Пелоси и ги качи нозете на бирото
Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Демонстрантите упаднаа и во канцеларијата на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, но се уште е непознато дали таа била таму.

Претходно, полицијата ја заклучи зградата на Капитол и почна да ги изведува надвор демонстрантите и да ги евакуира пратениците.

Американските медиуми јавија дека една жена е повредена од огнено оружје.

Во меѓувреме по наредба на претседателот Доналд Трамп, Националната Гарда, заедно со другите федерални заштитни служби е на пат да воспостави мир во Конгресот.