Свет 27. декември 2019. / 16:30

(ФОТО) Археолозите пронајдоа голема палата на Маите во Мексико

(ФОТО) Археолозите пронајдоа голема палата на Маите во Мексико

Археолози пронајдоа голем замок, кој го користела елитата на Маите пред повеќе од 1.000 години. Зданието се наоѓа во стариот град Кулуба, во близина на денешното монденско летувалиште Канкун, во источно Мексико.

Палатата е откриен во источниот дел на археолошкото наоѓалишпте Кулуба, клучно прехиспаниско наоѓалиште во денешната мексиканска држава Јукатан.

Националниот институт за антропологија и историја (ИНАХ) соопшти дека остатоците од шест метри високата градба, долга 55 метри и широка 15 метри, укажуваат дека дворецот бил во употреба во два долги периоди, меѓу 600 и 1.050 година.

Цивилизацијата на Маите била во подем меѓу 250 и 900 година и опфаќала големо подрачје од јужно Мексико, Гватемала, Белизе и Хондурас.