Формирањето на преодна италијанска влада која би ја составувале независни технократи е одложено откако мандатарот Карло Котарели вчера не му го претстави списокот на министри на претседателот Серџо Матарели.
Котарели, поранешен претставник во ММФ кој важи за застапник на политиката на штедење, денеска треба повторно да се сретне со шефот на државата. Тој треба да биде на чело на владата до предвремените избори, најверојатно во септември годинава.
Матарела му го довери мандатот, бидејќи пропадна обидот на популистичките партии да формираат влада.