Свет 20. јули 2019. / 11:27

Фон дер Лајен: Преговори со Македонија кога ќе ги исполни критериумите

Фон дер Лајен: Преговори со Македонија кога ќе ги исполни критериумите

Во првото интервју по изборот за претседателка на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен ги потврди заложбите за европската перспектива на Северна Македонија и Албанија. „Тие се наши соседи“, вели Фон дер Лајен, пренесува Дојче Веле.

Во интервју за магазинот Шпигел, Урсула фон дер Лајен вели дека ќе се залага за почеток на преговорите за членство во ЕУ со Северна Македонија и Албанија, веднаш откако ќе се оцени дека овие две држави ги исполниле критериумите.

Фон дер Лајен беше избрана во вторникот за прва жена во историјата на чело на Европската Комисија. Во текот на кусата кампања во која ги убедуваше пратениците во Европскиот парламент да гласаат за неа, фон дер Лајен во неколку наврати во своите приоритети ги наведуваше и преговорите со двете западнобалкански држави.

Во првото интервју по изборот, таа го потврдува тоа.

– Треба да отвориме преговори со тие земји веднаш откако Европскиот совет ќе донесе заклучок дека се исполнети критериумите. – истакна Фон дер Лајен  и додаде дека треба да ја остават испружена раката кон нас, во спротивно самата Европа си нанесува штета.

Се очекува Фон дер Лајен да ја преземе новата функција на 1 ноември годинава.