Свет 10. јули 2019. / 17:27

Фон дер Лајен: ЕУ треба да остави отворена врата за земјите од Западен Балкан

Фон дер Лајен: ЕУ треба да остави отворена врата за земјите од Западен Балкан

Министерката за одбрана на Германија и кандидат за претседател на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ги повика владите на земјите-членки на ЕУ да остават отворен пат за членството на земјите од Западен Балкан во Унијата.

Таа во обраќањето во Европскиот парламент кажа и дека се надева оти Велика Британија ќе остане во Унијата.

Сепак, таа исто така истакна дека Лондон мора да ги реши своите работи во врска со Брегзит, алудирајќи на она што земјите-членки на ЕУ го нарекуваат „недостаток на јасност од Лондон во однос на она што Велика Британија го сака во односите со Унијата во иднина“.

Лајен порача дека ЕУ се заснова на принципи и ги истакна приоритетите на нејзината идна политика, првпат откако беше номинирана за претседател на Европската комисија.

Фон де Лајен е предложена за нова претседателка на ЕК, за што ќе се одлучува следната недела од страна на пратениците во Европскиот парламент.