Свет 26. јуни 2018. / 15:04

Флоријан Бибер: Франција ја менува Грција во противењето на македонските интеграции

Флоријан Бибер: Франција ја менува Грција во противењето на македонските интеграции

Евентуалното вето од Франција за почеток на преговорите со Македонија ќе го загрози договорот со Грција и ќе ги минира реформските напори на земјите од регионот, оценува австрискиот политички аналитичар Флоријан Бибер.

„Тоа ќе биде удар за реформската политика на Балканот. Франција ќе стане новата Грција за Македонија, која и натаму ќе биде спречена да се приклучи кон ЕУ и НАТО“ вели Бибер во изјава за австрискиот весник „Стандард“.

„Одбивањето на ЕУ да отвори преговори за членство на Македонија, наведува понатаму Бибер, би значело и „речиси смртна казна за компромисот за името меѓу Скопје и Атина. Таквата француска политика би имала далекусежни последици. Во Македонија наесен е планиран референдум за договорот со Грција. Тешко е да се замисли дека ќе излезе добро ако договорот не е награден од ЕУ. Тоа ќе и даде шанса на македонската конзервативна опозиција да се мобилизира против одобрувањето на компромисот за името“ вели Бибер.