Свет 25. април 2018. / 14:46

Финска ќе престане да им дава на граѓаните по 560 евра секој месец

Финска ќе престане да им дава на граѓаните по 560 евра секој месец

Финската влада одлучи дека по крајот на годинава нема да продолжи со пилот-проектот на т.н. основен приход, во кој беа вклучени две илјади невработени граѓани кои добиваа по 560 евра месечно, без оглед на тоа дали во меѓувреме ќе се вработат или не.

„Одлучноста на Владата за продолжување на овој проект полека исчезнува. Тие одбија понатамошно финансирање на проектот. Јас сум малку разочаран поради тоа“, изјави за Би-Би-Си професорот Оли Кангас, истражувач од Институтот за социјално осигурување во Кели и еден од креаторите на проектот.

Миска Симанаинен, уште еден истражувач на Институтот истакнува дека реформата на социјалниот систем останува политичка агенда во Финска, но дека се расправа и за други социјални модели.

Предизвикот е да се најде ефективен систем кој ќе ги поттикнува луѓето да најдат работа, но истовремено да не ја зголемува нееднаквоста меѓу населението, вели претставник од финското Министерство за финансии.

Инаку, кога Финска го започна проектот во јануари 2017 година, невработеноста изнесуваше 9,2 отсто, што е највисока меѓу нордиските земји.