Најмалку 14 лица загинаа, а 24 се повредени во сообраќајната несреќа што се случи синоќа на Филипините, јавува Anadolu Agency (AA).
Несреќата се случи на планински пат во местото Балбалан, кај градот Калинга.
Полицискиот комесар Роландо Нана соопшти дека до несреќата дошло поради расипаните кочници на минибусот, кој потоа паднал во провалија.
Истакнувајќи дека е евидентно оти минибусот превезувал значително поголем број патници од дозволеното, Нана изјави дека поголемиот дел од настраданите се невработени селани, кои се враќале од градот откако во банките ги подигнале социјалните примања.
Истрагата за деталите за несреќата е во тек.