Свет 26. февруари 2020. / 19:13

„Фејсбук“ забранува реклами за лекови и превенција од Ковид-19

„Фејсбук“ забранува реклами за лекови и превенција од Ковид-19

Од „Фејсбук“ сооштија дека ќе забранат реклами за новиот корона вирус  во кои се говори за лекување или превенција на заболувањето и оние кои создаваат итност околу ситуацијата.

„Фејсбук“ објави дека ќе ги избрише содржините за вирусот со лажни информации или конспиративни теории по барање на здравствени власти и здравствени органи во светот.

Соопштението на „Фејсбук“ е во момент на проверки на регулатори во светот во врска со објавувањето содржини на платформи поврзани со радикални идеологии и лажни вести.