Трите гиганти на социјалните мрежи, Фејсбук, Гугл и Твитер, се обвинети за повеќе работи поврзани со Претседателските избори во САД кои се одржаа на 3 ноември.
– Имаме докази дека Фејсбук ги следи своите корисници низ целата интернет мрежа, изјави републиканскиот сенатор од државата Мисури, Џош Хоули.
Поради тоа што овие гигантски компании денес влијаат на начинот на кој поголемиот дел од светот ги добива своите информации и вести, републиканскот сенатор одлучи да ги изложи компаниите Фејсбук, Твитер и Гугл под наводно обвинение дека тие вршат контрола над тоа какви информации ќе се појават на нивните платформи, објави „Вашингтон Пост“.
Повеќето влади низ светот не вршат регулација над овие социјални мрежи, па така јавноста има многу малку начин за да знае кои се правата на корисниците. Одлуките, како што се вели, се носат произволно и се арбитрарни.
Како за пример, во сторија на Њу Јорк Пост од октомври се објавија мејлови поврзани со синот на кандидатот на демократите Џо Бајден. Оваа сторија стана централна во борбата за или против цензурирањето на информации од страна на мрежи како Фејсбук и Твитер.
Како што се вели, Фејсбук и Твитер се само навидум ривалски компании, заедно имаат изградено колективна база од повеќе од три милијарди корисници – но сепак се заедно во намерата да забранат луѓето да објавуваат вести и информации. Ова, според многумина, има големи последици врз глобалните медиуми, демократијата и државните регулации.
Извршниот директор на Фејсбук, Марк Цукерберг, во своето сведочење пред Судскиот комитет при Сенатот на САД, негираше дека компаниите соработувале на било каков начин за цензура на вести и информации поврзани со предизборната кампања во САД. Тој додаде дека компаниите „координираат и споделуваат сигнали“ на теми поврзани со севкупната безбедност, како што се терористички напади, експлоатација и таргетирање на деца, обиди на странски влади за саботажа и влијание и слично.
Хоули, не верувајќи на изјавите на Цукерберг, изјави дека одговорите на основачот на Фејсбук се неприфатливи, можеле да се предвидат и претставуваат причина плус за Властите да „преземат мерки против овие современи разбојници“
– Она што го имаме тука е јасен доказ за координација помеѓу Твитер, Фејсбук и Гугл, рече Хоули, додавајќи дека г. Цукерберг знае дека неговата компанија е способна да изврши нешто вакво, но тој или не се сеќава или пак нема да се заложи да ни дозволи да истражиме во тоа.
Хоули продолжи велејќи дека има сериозни докази дека Фејсбук ги следи сопствените корисници низ целата интернет мрежа.
– Г. Цукерберг нема да одговори на нашите прашања, не може да се сети на имиња, не е сигурен дали Фејсбук работи на овој начин и нема да се сложи да ни даде никакви основни информации.
Сенаторот сослушувањето го заклучи саркастично, велејќи дека тој е зачуден од како тоа секој сведок кој ќе влезе пред Комитетот „наеднаш развива амнезија, можеби поради воздухот во собата“.