Основачот на социјалната мрежа Фејсбук, Марк Закерберг, се уште се нема произнесено во јавноста во врска со кражбата на 50 милиони профили од страна на фирмата „Кембриџ аналитика“ која во 2016 работела во полза на кампањата на претседателот Доналд Трамп, објави МИА.
Волстрит загуби 37 милијарди долари, а акциите на Фејсбук изгубија во вредност по обелоденувањето на скандалот од страна на „Њујорк тајмс“ и лондонски „Обсервер“.
„Кембриџ аналитка“ исто така, профилите ги користела и за победничкиот тим на кампањата за Брегзит, референдум за излез на Велика Британија од Европската Унија.
По објавувањето на сториите за „жнеењето“ на десетици милиони профили на „Њујорк тајмс“ синоќа , Закерберг и Шерил Сендберг, главниот директор на социјалната мрежа, се повикани и од Капитол хил, на сослушување во Сенатот да одговорот на прашања како била искористена приватноста на 50 милиони корисници, пренесе МИА.