Свет 22. јули 2020. / 10:52

Фејсбук ќе тестира дали нивниот алгоритам прави расна дискриминација

Фејсбук ќе тестира дали нивниот алгоритам прави расна дискриминација

Фејсбук ќе прави проверка дали алгоритмите на социјалните мрежи можат да доведат до расна дискриминација и да ги отстрани недостатоците.

Тимови од експерти кои се занимаваат со „еднаквост“ се формирани во самата компанија и во компанијата на Инстаграм, што е во сопственост на Фејсбук.

Експертите ќе истражуваат како алгоритмите влијаат врз припадниците на националните малцинства.

– Движењето за расни права е важно за нашата компанија, изјави Вишал Шах портпарол на Инстаграм.

Компанијата се заснова на ставот дека секоја пристрасност во системите и правилата на употреба спречува да се обезбеди платформа за изразување на сите луѓе.