Компанијата „Фејсбук“ соопшти дека ќе почне да ги обележува потенцијално штетните објави на својата мрежа, кои, сепак, нема да бидат отстранувани поради нивната важност за јавноста.
Како што пренесуваат странските агенции, компанијата е под притисок да ја ограничи содржина на својата платформа, вклучувајќи ги и објавите на американскиот претседател Доналд Трамп.
Основачот на „Фејсбук“, Марк Цукерберг изјави дека компанијата ќе забрани реклами во кои различни групи се опишуваат како закана врз основа на раса и имиграциски статус.